Катар официјално го пушти во употреба најмодерниот стадион во светот. Стадионот „Lusail Iconic“ е најголемиот стадион во Катар, со капацитет од 80.000 седишта и ќе има голема улога во првенството, на него ќе се игра и финалниот меч.
Трибините имаат брановиден изглед, а се составени од два ката. Посебен е и покривот, може да се затвора, а стадионот е опремен со клима, што на фудбалерите ќе им го олесни играњето на високи температури.
За време на Мундијалот на споменатиот стадион ќе се одиграат десет натпревари, и тоа: Аргентина – Саудиска Арабија, Бразил – Србија, Аргентина – Мексико, Португалија – Уругвај, Саудиска Арабија – Мексико, Камерун – Бразил, натпревар од осминафиналето, четвртфинален натпревар, полуфинален натпревар и финалето.
По Мундијалот, Катарците планираат да се пријават за организација на финалните натпревари од Светското клупско првенство.Освен тоа, сакаат и финале во азиската Лига на шампиони, а стадионот е повеќенаменски, па не е исклучено таму во иднина да гледаме некој ракометен или кошаркарски спектакл.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski