Connect with us

Калјари освои бод на „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)

Лидерот Интер не успеа да ја продолжи победничката низа во Серија А. „Нероаѕурите“ вечерва ремизираа (2-2) на домашен терен против тимот на Калјари.

Маркус Турам во 12. минута донесе водство за Интер, но Калјари беше многу поопасен во второто полувреме. Елдор Шомуродов во 65.минута успеа да израмни.

Хакан Чалханоглу од пенал повторно обезбеди предност за Интер во 74.минута, но Николас Виола девет минути подоцна постигна втор гол за Калјари што беше доволно гостите да освојат бод на „Џузепе Меаца“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови