Connect with us

Имобиле дел од сообраќајка: „Трамвајот мина на црвено, за среќа, ме боли само раката“

Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле, доживеа сообраќајна несреќа во Рим. За среќа тој не е тешко повреден.


Според првите информации кои ги објави „Газета дело Спорт“, трамвајот број „19“ минувал преку мостот Матеоти, на само неколку километри од стадионот на Лацио и се судрил со возилото.
Неколку лица од трамвајот се полесно повредени, а едно лице е пренесено во болница.
Фудбалерот се огласи набргу по несреќата.


„Трамвајот помина на црвено светло. За среќа, добро сум, само ме боли раката“, изјави капитенот на Лацио.


Лацио ги продолжува обврските следниот викенд, во петокот славеше против Специја во тековното коло од Серија А, а Имобиле беше стрелец на првиот гол.


Следниот натпревар на Лацио е против Торино во сабота, а по лекарските прегледи ќе се види дали капитенот ќе биде подготвен за натпреварот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови