Connect with us

Ибрахимовиќ: Милан може да не биде мојот последен клуб

Златан Ибрахимовиќ предупредува дека Милан можеби нема да биде неговиот последен клуб, иако ветеранот е свесен дека никогаш повеќе нема да може да игра како порано.

“Тајната на мојата долговечност е во психата, бидејќи се обидувам да докажам дека 40 е само бројка и можам да продолжам да го правам она што го сакам. Сакам да продолжам да се подобрувам секој ден. Очигледно, не можам да играм како порано, но сега сум поинтелигентен и имам повеќе искуство,” изјави Ибра во интервју за француски “Телефут”.

“Немам што повеќе да докажам, но не сакам да се повлечам и потоа да се каам, знаејќи дека можам да продолжам. Сакам да продолжам да играм се додека не ме избркаат. Не сум сигурен дали Милан ќе биде мојот последен клуб, ќе видиме. Реков дека сакам да продолжам додека можам. Ако не потпишам нов договор, но ако чувствувам дека можам да продолжам, тогаш би го направил тоа“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови