Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го коментираше ремито 0-0 на домашен терен против Спортинг Лисабон. Англискиот клуб се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат 5-0, но триумфот го оствари на првиот меч во Португалија.
„Уште еднаш сме меѓу осумте најдобри екипи во Европа. Јас сум еден од оние луѓе кои учат да уживаат во моментот. Кога ќе стигнам до четвртфиналето, знам колку беше тешко. Кога сме веќе во четвртфиналето, има и причина да бидеме среќни. Можевме да победиме и во реваншот, но пропуштивме неколку одлични шанси. Се радувам што и неколку млади фудбалери имаа можност да ја почувствуваат Лигата на шампионите“, изјави Пеп Гвардиола.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski