Connect with us

Гундоган го критикуваше Араухо за црвениот картон: Подобро е да примиш гол отколку да играш со десетмина

Еден од лидерите на Барселона, Илкај Гундоган, проговори за црвениот картон на дефанзивецот Роналд Араухо, кој го остави тимот со човек помалку на теренот што на крајот се покажа како одлучувачки за елиминацијата на Каталонците од Лигата на шампионите.


„Да добиеш црвен картон толку рано во натпреварот, тоа е убиствено. Мислам дека во тие клучни моменти, треба да бидеш многу сигурен кога интервенираш. Не знам дали тој ја допира топката или не. Но, повеќе би сакал да дадат гол, повеќе би сакал да му оставам шанса на голманот да интервенира“, изјави германскиот фудбалер.

„Разочаран сум, многу сум разочаран, бидејќи бевме во толку добра позиција. И не само по првиот натпревар, туку и по голот со кој поведовме во реваншот”, изјави Гундоган.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови