Connect with us

Гигс имал девет девојки во исто време, а Кејт ја бркал гола од хотелската соба

Рајан Гигс седна на обвинителна клупа во процесот во кој е обвинет за насилно однесување и напад на неговата партнерка Кејт Гревил и нејзината сестра Ема. Легендата на Манчестер Јунајтед и на Велс се соочува со сериозни обвинувања.


Сведоците имаа можност да слушнат видео изјава од неговата сега веќе поранешна девојка Кејт Гревил во која таа откри како дознала дека Гигс ја изневерувал и имал афери со уште осум девојки додека биле во врска.

Откриени се и приватни пораки на поранешниот фудбалер во кои тој му пишува на пријател „само сакам да се отворат баровите за да најдам пи*ка“.

Изјавата беше дел од испрашувањето на детективите по нападот на Гигс, кога Велшанецот со глава ја удрил девојката. Поранешната негова девојка раскажала и како Гигс во неколку наврати ја избркал гола од хотелската соба доколку го прашувала за другите афери и девојки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови