Connect with us

Гасперини: Реваншот со Ливерпул е најважниот меч во историјата на Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, го опиша претстојниот реванш со Ливерпул како „најважниот во историјата на клубот“. Тимот од Бергамо има удобна предност по успехот од 0-3 на „Енфилд“ пред една недела во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа и има реални шанси да елиминира еден од најуспешните клубови во европскиот фудбал.


„Среќни сме што можеме да одиграме натпревар од толку важност пред нашите навивачи. Свесни сме дека ова е еден од најважните натпревари во историјата на клубот, ако не и најважниот. Овие работи ги кажуваме пред мечот, но кога ќе дојде, ќе мора да се изолираме од надворешниот свет“, изјави Гасперини.

„Свесни сме дека нема да ни биде лесно. Иако го добивме првиот натпревар, нашиот противник не стана послаб. Утре почнуваме од 0-0. Сакам да не размислуваме за првиот натпревар утре, тоа ќе биде наша предност. Очекувам против нас да излезе најдобрата верзија на Ливерпул и ќе мора да одиграме многу добар натпревар за да го постигнеме посакуваниот резултат“, додаде Гасперини.

Доколку го елиминира Ливерпул, Аталанта во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Бенфика и Олимпик Марсеј.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови