Македонската женска А репрезентација на ждребот во УЕФА ги дозна противниците во групата за премиерното издание од Лига на Нации во женска конкуренција.
Нашите најдобри фудбалерки на ждребот во Нион добија „соседска“ група, односно за првото место во групата ќе се соочиме со селекциите на Бугарија и Косово.
Репрезентацијата предводена од селекторот, Кирил Изов е во Ц сегментот во Лига на Нации, а денешното извлекување реши да биде дел од единствената група што ја сочинуаат само три селекции.
Ц1: Малта, Молдавија, Летонија, Андора;
Ц2: Турција, Луксембург, Литванија, Грузија;
Ц3: Азербејџан, Црна Гора, Кипар, Фарски Острови;
Ц4: Израел, Естонија, Казахстан, Ерменија;
Ц5: МАКЕДОНИЈА, Косово, Бугарија;
Победниците по група автоматски обезбедуваат промоција во Б – дивизијата, додека трите најдобри второпласирани селекции ги очекуваат бараж дуели со трите најдобри третопласирани селекции од групите од Б – лигата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski