Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години загуби со 2-0 од соодветната селекција на Австрија на гостински терен во вториот контролен натпревар.
Македонија може да жали за конечниот исход на оваа средба, со оглед на многуте пропуштени шанси за погодок. Избраниците на селекторот Раде Каранфилоски беа подобриот противник во текот на целиот натпревар, но на крајот со наведнати глави го напуштија теренот. Противникот го искористи нашето невнимание во одбраната и успеа на крајот да слави победа.
Во првиот дел, Петар Крстевски ја имаше најдобрата прилика за Македонија, се најде во одлична ситуација еден на еден со противничкиот голман, но не успеа да погоди.
Бленди Ганиу ја имаше втората извонредна прилика за нашите фудбалери, упати одличен удар, но голманот на Австрија фантастично интервенираше и спаси чист погодок.
Во второто полувреме, продолживме да пристискаме и да создаваме шанси, но реализација немавме. Австрија постигна два погодоци, искористувајќи ги нашите грешки во одбраната. Во 46. минута Добис погоди за 1-0. Екереокосу во 74. минута ги постави конечните 2-0.
На првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции, Австрија забележа победа со идентичен резултат, 2-0.
МАКЕДОНИЈА: Оливер Марковски, Матео Кесиќ, Ристе Стоилов, Ненад Дамјановски, Стефан Бранковски, Александар Грашески, Лорент Жаку, Александар Трајков, Мартин Џангаровски, Петар Крстевски, Дамјан Буцевски;
Селектор: Раде Каранфилоски;
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski