Connect with us

Фил Џоунс конечно го напушта „Олд Трафорд“

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед денеска ја потврди разделбата со „отпишаните“ играчи. Тоа што најмногу „боде“ очи е дека Фил Џоунс конечно нема да биде член на првиот тим на Манчестер Јунајтед


По 12 години и само 229 настапи за првиот тим, Џонс ќе си замине како слободен играч бидејќи му истекува договорот.


Долго време не се сметаше на Џонс во клубот, играше за резервниот тим, иако и таму се повреди. Практично, тој не игра сериозен фудбал повеќе од три години, па не е чудно што навивачите се радуваат откако тој конечно го напушти клубот од „Олд Трафорд“.


Покрај него заминува и Аксел Туанзебе, исто така како слободен играч. За првиот тим одигра 37 натпревари, но најмногу се памети по настапот против Килијан Мбапе во 2019 година, кога Јунајтед го елиминира ПСЖ од Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови