Connect with us

Фиго се чуди како Италија можеше да загуби од Македонија

Европскиот првак Италија нема да учествува на Светското првенство во Катар, а легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго, кој во кариерата беше играч на Реал Мадрид и на Барселона, не може да верува како „аѕурите“ доживеаја елиминација од Македонија.


„Да загубите од Македонија на домашен терен е нешто застрашувачко. Цели 12 години без Италија на Светско првенство, мајко мила … За среќа ние се соочивме со Балканците и ете не на СП во група со Уругвај, Гана и Јужна Кореја. Случајно и Португалија да загубеше од Македонија, прво ќе леташе „главата“ на селекторот Фернандо Сантош“, вели Фиго.

Италија последен пат играше на СП во 2014 година во Бразил, а ги пропушти Светското првенство во Русија во 2018 и мундијалот што на крајот од оваа година ќе се одржи во во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови