За асистент селектор на А македонската футсал репрезентација е именуван Ферид Агуши. Поранешниот репрезентативец на Македонија и актуелен тренер на футсал тимот Приштина 01 ќе му биде помошник на селекторот Васко Скендеровски.
„За мене е голема привилегија да бидам дел од стручниот штаб во најдобрата македонска футсал репрезентација. Им благодарам на Фудбалската федерација на Македонија што ми дадоа доверба да бидам дел од стручниот штаб во А селекцијата. Македонија има квалитет и силно верувам дека со голема работа и посветеност можеме да постигнеме многу повеќе како репрезентативен тим. Долги години се познаваме со сите во тимот. Верувам дека ќе имаме позитивна атмосфера за да постигнеме големи работи“, изјави Ферид Агуши.
Ферид Агуши зад себе има над 100 одиграни натпревари со дресот на македонската репрезентација. Дебитираше во 2010 година, додека на клупски план има богата и трофејна кариера со различни клубови. Агуши е лиценциран УЕФА футсал тренер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski