Македонскиот првак Струга Трим Лум доживеа можеби непланиран пораз (1-0) на гостувањето кај Вардар во 26. коло од Првата фудбалска лига. Иако останаа на врвот, со оглед дека и конкурентите не победија, тренерот Шпетим Дуро вели дека тимот претрпел неочекуван пораз.
„Жал ми е што загубивме по 11 натпревари. Ова ја запре позитивната серија на нашиот тим, благодарение на која сè уште сме на врвот. Тимот одигра добро во првиот дел, креиравме неколку шанси, но не ги искористивме. Сепак, второто полувреме не беше најдобро за нас. Жалиме за неочекуваниот пораз, меѓутоа тоа е фудбалот“, изјави Шпетим Дуро.
Струга ТЛ во следното коло ја пречекува Брегалница на домашен терен.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski