Connect with us

Динамо Москва го купува Стефан Ристовски?

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е пред трансфер во Русија. Најзаинтересиран клуб за негов ангажман е Динамо Москва, а преговорите влегуваат во завршна фаза. Десниот бек е на излезна врата од Спортинг Лисабон поради несогласувања со новиот тренер Рубен Аморим.

Динамо Москва би сакал да го добие Стефан Ристовски на едногодишна позајмица, со опција за понатамошно откупување на комплетниот договор. Од друга страна, Спортинг Лисабон сака целосен трансфер за македонскиот интернационалец и затоа ја спушти цената на 2,5 милиони евра. 

Преодниот рок во Русија истекува на 17 октомври. Во наредните неколку дена ќе биде познато дали Стефан Ристовски ќе ја напушти Португалија, а следна дестинација во неговата кариера ќе биде Русија.

      

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови