Connect with us

Џака останува во Арсенал до 2025 година

Швајцарскиот интернационалец Гранит Џака не го реализира трансферот во Рома, па сега ќе остане на „Емирати“ и во наредните четири години. Тој доби понуда за продолжување на соработката со Арсенал до 2025 година и ќе ја прифати.

Играчот за врска согласно новиот договор ќе добие значително зголемување на платата и позиција на заменик капитен во тимот. Можно е да биде и прв носител на капитенската лента доколку Пјер Емерик Обамејанг го напушти Лондон и се реализира неговиот трансфер во Барселона.

Каталонскиот гигант даде понуда за размена во која Кутињо и дошол во Арсенал, а Обамејанг би се преселил на „Камп Ноу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови