Connect with us

Деулофеу му се дереше на судијата, судијата му врати со дупло (ВИДЕО)

Италијанскиот судија Саки имаше што да му каже на напаѓачот на Удинезе, Жерар Деулофеу за време на натпреварот со Интер, откако Шпанецот почна да му се дере тврдејќи дека не е во офсајд позиција.

Удинезе имаше негатива од 2-0 на „Сан Сиро“ кога Деулофеу ја упати топката во мрежата, но веднаш потоа, беше досуден офсајд. Играчот беше бесен на одлуката па почна да се кара со судијата. Но, Саки не сакаше да го трпи многу, па и тој почна да извикува “смири се”.

Мора да се признае, начинот на кој го кажа тоа даваше чувство на сè освен смиреност, но се покажа како делотворен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови