Connect with us

Дешамп сака да стави крај на спорот со Карим Бензема

Селекторот на светскиот вицешампион Франција, Дидие Дешамп, сака да стави крај на неговиот јавен спор со Карим Бензема, кој изби по завршувањето на Светското првенство во Катар. Дешамп не можеше да се потпре на напаѓачот на Реал Мадрид, кој заработи повреда непосредно пред Светското првенство.


Бензема тренираше со својот тим Реал Мадрид на самиот почеток на декември и тоа доведе до многу шпекулации.

„Ова е негова одлука. Јас ја разбирам и ја почитувам“, коментира Дешамп.

Во текот на Светското првенство имаше шпекулации дека Бензема би можел да им се приклучи на „петлите“, но тоа никогаш не се случи. Франција стигна до финалето на турнирот во Катар, но загуби на пенали од Аргентина.

„Не сакам да сум дел од контроверзите. Морав да одговорам за да кажам што точно се случи. Но, тоа е веќе минато, барем за мене”, изјави францускиот селектор за ТВ каналот „TF1“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови