Брегалница продолжува со победи на стартот од новата сезона во Втората лига – Исток. Значајна победа од 1-2 за составот на Добринко Илиевски во 3. коло на гостувањето против Кожуф во Гевгелија.
Централниот дефанзивец Дарко Стојанов е задоволен што тимот има позитивен старт на сезоната иако, како што вели, долг е шампионатот во кој „сините“ ќе мора буквално на секој натпревар да ги потврдуваат сопствените цели и амбиции.
„Исклучително важна победа за нас. Одигравме квалитетен натпревар со целосна контрола на играта во текот на сите 90 минути. Можевме да славиме и далеку поубедливо, и многу побрзо да го решиме прашањето на победникот, но не искористивме неколку 100% шанси. И кога не искористивме чисти можности, дојде казната од домашните преку нивната единствена шанса на мечот. Сепак, покажавме квалитет и карактер и повторно дојдовме до победата, сосема заслужено на жешкиот терен во Гевгелија“ – вели Стојанов.
Во следното, 4. коло, од Втората лига – Исток, Брегалница на домашен терен го пречекува тимот на Осогово.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski