Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов би можел повторно да се врати во Германија и да го облече дресот на Шалке 04, тврди „Билд“. Преговорите меѓу неговите агенти и спортскиот директор Анфре Хехелман се интензивираат, а конечниот збор сепак ќе го има англискиот премиерлигаш Барнли.
„Сите знаат дека Шалке 04 е клубот кој ми е во срце. Би сакал да помогнам да се обезбеди успешна втора полусезона. Навистина би бил подготвен за тоа“, изјави Дарко Чурлинов за „Билд“.
Шалке е подготвен да го земе Дарко Чурлинов на позајмица до крајот на сезоната, а и Барнли сериозно разгледува таква можност за да му обезбеди поголема минутажа на македонскиот репрезентативец кој долго паузираше и поради болест.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski