Connect with us

Чави: Би сакал Бускетс да остане во Барселона, но…

Kапитенот на Барселона, Серхио Бускетс, ги продолжува преговорите за обновување на договорот со Каталонците. Поранешниот репрезентативец на Шпанија се очекуваше да донесе конечна одлука во март, но посакуваниот напредок не е постигнат.


Бускетс останува клучен играч во тимот предводен од тренерот Чави Хернандез, кој инсистира дека дефанзивецот ќе остане и следната сезона.

Актуелниот договор на 34-годишниот Серхио Бускетс истекува на крајот од тековната сезона, а интерес за него има и од клубовите во МЛС лигата на САД.

„Да видиме како ќе заврши сезоната. Серхио е многу важен играч за нас и е пример како капитен за своите соиграчи“, изјави Чави.

„Многу, многу пати сум кажал дека сакам да остане, но разбирам дека ако сѐ оди според планот, тој може да замине со уште една шпанска титула во многу добар момент. Тешко е, но ќе инсистирам да продолжи уште една сезона“, истакна тренерот на Барселона.

Каталонскиот гигант е на работ да ја обезбеди првата титула од 2019 година, а Серхио Бускетс треба да донесе конечна одлука за кариерата врз основа на плановите за тимот за следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови