Connect with us

Брентфорд и Тотенхем со четири гола го отворија Боксинг Деј (ВИДЕО)

Брентфорд и Тотенхем ремизираа 2-2 во првиот натпревар од денешната програма на Боксинг Деј во Премиер – лигата. Домаќините одиграа одлично во првиот дел и имаа водство од 1-0 со голот на Витали Џанелт во 16.минута, а на стартот на второто полувреме и ја удвоија предноста преку Иван Тони во 54.минута.

Но, потоа се разбуди Тотенхем. Хари Кејн намали на 2-1 во 65.минута, а шест минути подоцна Хојбјерг успеа да израмни.

Кејн во финишот ја погоди гредата и за малку не успеа да донесе комплетен пресврт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови