Брегалница во еднонеделната принудна пауза се раздели со тренерот Добринко Илиевски, па денешниот меч против Каменица Саса ќе биде првиот тест за тимот без досегашниот шеф на стручниот штаб. Составот ќе го предводи асистентот Александар Танчевски, а штипјани најавуваат нов триумф.
По ситната повреда се очекува настап и на Дарко Додев. Тој вели дека Брегалница сака да биде на врвот на Истокот.
„Имав лесна повреда на задната ложа, но подготвен сум за натпреварот со Каменица Саса. Апсолутно не смееме да го потцениме противникот кој е повеќе од сериозен тим, но ние во насока на остварување на своите цели мора да одиме на победа како и на секој натпревар досега. Брегалница едноставно мора да биде на врвот од табелата, а тоа значи квалитетни изданија на секој натпревар“, порачува Дарко Додев.
Останатите натпревари од Втората лига Исток и Втората лига Запад на програмата се утре, со почеток во 13.30 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













