Connect with us

Борусија Дортмунд ќе го задржи капитенот Марко Ројс

Раководството на Борусија Дортмунд му достави понуда на капитенот Марко Ројс за нов договор и плата од 7 милиони евра, плус бонуси. Рокот на договорот е непроменет – за една година, пренесува германскиот весник „Билд“ и тврди дека потпишувањето на новиот договор останува само формалност.


33-годишниот Ројс ќе прифати намалување на сегашната плата која изнесува 12 милиони евра, а се очекува продолжувањето на договорот да биде официјално објавено следната недела.

Капитенот на Борусија Дортмунд веќе прокоментира дека би сакал да остане во клубот до крајот на кариерата.

Марко Ројс има осум гола и седум асистенции на 24 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови