Connect with us

Бенфика го сака Елиф Елмас, Наполи нема намера да го продава

Португалскиот гигант Бенфика е сериозно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Сепак, засега Наполи не е многу заинтересиран за негова продажба. По доаѓањето на Лучијано Спалети за нов тренер, кој го сакаше Елмас и додека беше на кормилото на Интер, се очекува младата македонска ѕвезда да има многу поголем ефект во играта на Наполи следната сезона.


Елмас игра одлично во дресот на македонската фудбалска репрезентација, постигна прекрасен гол против Словенија, ги „излуде“ и фудбалерите на Казахстан со дриблинзи на последниот тест, а се очекува да блесне во полн сјај токму на Европското првенство.

Сепак, и покрај интересот на Бенфика, италијанските медиуми тврдат дека Наполи нема намера да го продава играчот. Бенфика наводно има понуда од 20 милиони евра.

Елиф Елмас досега постигна четири гола и забележа две асистенции на вкупно 80 натпревари во дресот на Наполи. Договорот со италијанскиот тим му истекува во 2025 година.

.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови