Connect with us

Бенедето донесе триумф за Бока Јуниорс во Суперкласико (ВИДЕО)

Бока Јуниорс го доби првото годинашно Суперкласико, мегадуелот против Ривер Плата со 1-0. Дарио Бенедето беше стрелец на победничкиот гол во 63.минута од пресметката.


Како и секогаш, многу возбуда, тензија, стартови на границата од дозволеното, па и преку тоа, понуди големото дерби. „Војната“ заврши со триумф на Бока Јуниорс, која во завршницата остана и без Макос Рохо, кој заработи црвен картон поради груб старт.


Бока Јуниорс со оваа победа побегна на глaвниот ривал за три бода и се искачи на третото место со 32 бода од 18 натпревари, еден помалку од лидерот Гимназија Ла Плата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови