Connect with us

Базел го отпушти тренерот Александар Фрај

Швајцарскиот Базел одлучи да се раздели со својот тренер Александар Фреј, соопшти клубот.
„Клубот длабоко жали за оваа одлука, но се чувствува должен да го преземе овој чекор поради незадоволителните резултати“, се вели во официјалното соопштение на Базел.


По 19 одиграни натпревари, Базел има само 5 победи, 7 нерешени и 7 порази и се наоѓа на седмото место на табелата.

„Оваа одлука е исклучително тешка за сите нас. Но, мораме да размислуваме за Базел и неговиот развој и не можеме, а да не му дадеме нов импулс на тимот. Во сегашната ситуација, поразот од Грасхоперс викендов беше премногу за нас“, коментира спортскиот директор на клубот Хајко Фогел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови