Connect with us

Барселона одбила понуда од 60 милиони евра за Рафиња

Бразилецот Рафиња се врати во одлична форма во дресот на Барселона, а за него во клубот пристигнала понуда вредна 60 милиони евра од еден англиски премиерлигаш. Сепак, Жоан Лапорта и раководните луѓе на клубот без премногу размислување ја одбиле оваа понуда.

Одбивањето на понудата не значи дека Рафиња не е на продажба, туку дека Барселона не е задоволна од сумата од 60 милиони евра. Рафиња може да оди, но само ако некој одвои 80 милиони евра за него.

27-годишниот фудбалер пристигна во Барселона од Лидс Јунајтед во летото 2022 година за 58 милиони евра. Сепак, јасно е дека понуда од 80 милиони евра би можела да пристигне само од клубовите од Саудиска Арабија, а Рафиња многу повеќе би сакал да се врати во Премиер – лигата.

Во досегашниот дел од сезоната Рафиња во дресот на каталонскиот клуб одигра 31 натпревар во сите натпреварувања, успеа да постигне осум гола и забележа десет асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови