Connect with us

Барселона и без половина тим подобра од Кадиз (ВИДЕО)

Барселона го победи Кадиз на гости со 0-1 и го продолжи победничкиот ритам пред реваншот во четвртфиналето на ЛШ, но и „Ел Класико“ во Ла Лига. Во каталонскиот тим на овој натпревар недостигаа Левандовски, Кансело, Гави, Ињиго Мартинез, но и покрај тоа Барса успеа да стигне до триумф.

Португалецот Жоао Феликс во 37.минута го постигна победничкиот погодок за гостите. Тој со фантастични ножички успеа да ја затресе мрежата на домаќинот.

Во следното коло од шпанскиот шампионат, Барселона му гостува на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови