Connect with us

Барселона го купува новото фудбалско чудо, 15-годишен Бразилец, за 45 милиони евра

Барселона ќе направи се за да го обезбеди потписот на неверојатниот 15-годишен Ендрик, напаѓачот на кадетскиот тим на бразилскиот клуб Палмеирас кој ги „полуде“ скаутите. Во Бразил се појавило ново чудо од дете, а каталонскиот гигант веднаш ги испратил своите стручњаци.


Кога го виделе Ендрик, скаутите веднаш објавиле во Барселона дека едноставно мора да се купи и дека парите за тој трансфер едноставно некаде треба да се најдат. Ендрик го следат и други европски гиганти, но Барселона на Палмеирас веќе му понудила 45 милиони евра, за плаќање на три рати.

Првите 15 милиони кога Ендрик ќе го потпише првиот професионален договор со Палмеирас, другите 15 милиони по првата професионална сезона и останатите 15 милиони кога ќе наполни 18 години и ќе дојде во Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови