Connect with us

Барнли под истрага за „местење“ натпревари во Чемпионшип

Барнли е под истрага на ФА на Англија за потенцијално местење натпревари. Станува збор за натпреварот одигран на 15 април против Ридинг. Натпреварот заврши 0-0, а менаџерот Винсен Компани изведе резервен состав на теренот и реши да одмори седум главни играчи.


Ова се случи на еден натпревар откако Барнли и математички обезбеди враќање во Премиерлигата. Проблемот го пријави Хадерсфилд, тим кој се бори за опстанок заедно со Ридинг и е лут што Барнли му подари бод на големиот ривал.

Тимот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, моментно првопласиран во Чемпионшип кој веќе математички осигура пласман во Премиерлигата. Според медиумите на Островот, Барнли би можел да биде казнет со голема парична казна, но и со губење на бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови