Connect with us

Барнли го изненади Челси на „Стемфорд бриџ“ (ВИДЕО)

Челси беше голем фаворит на „Стемфорд бриџ“ против Барнли, но не успеа да победи. Гостите извлекоа бод откако го шокираа домаќинот со израмнувачки погодок во 79.минута. Матеј Видра ја затресе мрежата на Менди откако падна концетрацијата во одбраната на Челси.

Каи Хаверц во 33.минута донесе предност за лидерот на табелата во Премиер – лигата, користејќи ја одличната асистенција на Рис Џејмс. Сега Челси има три бода предност на врвот пред Манчестер Сити.

Норич славеше гостински триумф (1-2) против Брентфорд, а Кристал Палас го победи Вулверхемптон со 2-0, со головите на Заха и на Галахер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови