Connect with us

Барди и Леванте поразени од Бетис (ВИДЕО)

Леванте загуби на гостувањето во Севилја од Бетис со 2-0. Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот меч во дресот на Леванте, но неговиот тим не можеше да избегне пораз.

Бетис во финишот го скрши отпорот на гостите. Во 70.минута Набил Фекир го постигна првиот гол за домашниот состав, а само пет минути подоцна Хуанми зголеми на 2-0.

Бетис по овој триумф се наоѓа на шестата позиција со 45 бода, а Леванте има десет бода помалку и е сместен на деветтото место.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови