Connect with us

Баерн Минхен е подготвен да понуди богатство за потписот на Флоријан Вирц

Ѕвездата на новиот германски шампион Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е една од најголемите трансферни желби на Баерн Минхен. Раководството на Баварците посакува да го купи офанзивниот играч за врска и нема да штеди пари за таков трансфер, пишува „Кикер“.

На „Алијанц Арена“ се подготвени да потрошат многу пари за да го имаат 20-годишниот фудбалер во својот состав. Баерн е подготвен да дејствува веднаш и да го доведе Вирц ова лето, но тој најави дека најверојатно ќе остане во Леверкузен и следната сезона и ќе ја промени клупската припадност во летото 2025 година.


Баерн сака да го комбинира Флоријан Вирц со Џамал ​​Мусијала. Двајцата важат за најголемите таленти во Германија и даваат големи надежи за успех и на Бундестимот на претстојното Европско првенство.


Договорот на Вирц со Баер Леверкузен е до летото 2027 година. Неговата вредност се проценува на над 100 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови