Connect with us

Баерн ја наполни мрежата на Аугсбург, сигурен и Лајпциг (ВИДЕО)

Баерн Минхен го победи Аугсбург со 5-3 на „Алијанц арена“ и во моментот обезбеди три бода предност на врвот пред Борусија Дортмунд, која вечерва му гостува на Шалке.

Аугсбург поведе со голот на Мергим Бериша во третата минута, но израмни Жоао Кансело во 15.минута. Бенјамин Павар беше стрелец на следните два гола, а до крајот на полувремето погоди и Лирој Сане.

Мергим Бериша од пенал постигна втор погодок за 4-2, потоа стрелаше Антонио Дејвис во 74.минута, а конечниот епилог го постави Кардона.

Лајпциг со 3-0 славеше против Борусија Менхенгладбах. Гостите не реализираа пенал, а потоа Вернер, Форсберг и Гвардиол донесоа убедлив триумф.

Ајнтрахт и Штутгарт ремизираа 1-1, а идентичен беше резултатот и на мечот Херта – Мајнц.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови