Connect with us

Баер Леверкузен со стил ја освои титулата во Бундес-лигата (ВИДЕО)

Баер Леверкузен дојде до историска титула во Бундес-лигата, откако на пет кола пред крајот на шампионатот, без ниту еден пораз, успеа да изгради недостижна предност пред досегашниот доминантен клуб Баерн Минхен. „Фармацевтите“ имаат недостижни 16 бода предност на врвот откако го декласираа Вердер со 5-0 на домашен терен.

Виктор Бонифејс од пенал постигна гол за водство во 25.минута, а во второто полувреме блескаше Флоријан Вирц кој постигна хет-трик. Во листата на стрелците се запиша и Гранит Џака.

Момците на Чаби Алонсо во Бундес-лигата имаат ефект од 25 победи и четири ремија на одиграни 29 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови