Connect with us

Баена поднел пријава до полицијата за нападот од Валверде

Вилјареал излезе со официјално соопштение дека нивниот крилен напаѓач Алехандро Баена поднел жалба до шпанската полиција против играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, затоа што го удрил со тупаница во лицето по натпреварот меѓу двата тима.


„Фудбалерот на Вилјареал, Алекс Баена, беше нападнат додека се движеше кон тимскиот автобус по натпреварот против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Соочен со оваа ситуација, играчот одлучи да поднесе соодветна жалба против напаѓачот до Националната полиција. Уште еднаш, Вилјареал отфрла какви било акти на насилство и цврсто верува во верзијата на својот играч, кого ќе го поддржува во текот на целиот процес“, се вели во соопштението на клубот.

Сепак, „Марка“ прецизира дека засега на Валверде не му се заканува спортска казна, бидејќи поднесена е пријава само до полиција, но не и до Дисциплинската комисија на Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови