Челниците на Атлетико Мадрид се заинтересирани за фудбалерот на Борусија Менхенгладбах и француски репрезентативец Маркус Турам, пренесува француски „Л’Екип“.
Атлетико во неделата го испрати Матеус Куња на позајмица до крајот на сезоната во Вулверхемптон и ќе се обиде да го ангажира Турам до крајот на јануари.
Францускиот фудбалер има договор со Борусија до крајот на сезоната, а веќе неколку пати одбиваше да ја продолжи соработката со германскиот клуб. Покрај Атлетико Мадрид, најголем интерес за Турам покажаа Баерн Минхен, Интер и Њукасл.
Борусија сака да го продаде францускиот напаѓач веќе во зимскиот преоден рок, бидејќи Турам би можел да го напушти германскиот клуб без обештетување на крајот од сезоната.
Клубот од Менхенгладбах одреди отштета од 20.000.000 евра за Турам, кој планира да го смени клубот дури на крајот на сезоната.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski