Connect with us

Атлетико Мадрид ја одреди цената за Алваро Мората

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, би можел да го чини Манчестер Јунајтед 35 милиони евра, соопштија медиумите на Островот. Шпанскиот клуб ја одреди цената за која би го продал репрезентативецот.


Напаѓачот ги помина последните две сезони на позајмица во Јувентус, но летово се врати на „Ванда Метрополитано“. Првично се веруваше дека „душекчиите“ ќе се обидат што побрзо да се ослободат од него, но добрите игри на играчот во контролите ги сменија плановите на Диего Симеоне. Неговиот договор со Атлетико Мадрид е до 30 јуни 2023 година.

Од своја страна, раководството на „црвените ѓаволи“ итно бара напаѓач кој ќе обезбеди дополнителна опција за Ерик тен Хаг заедно со Кристијано Роналдо, кој очигледно ќе остане на „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови