Connect with us

Астон Вила го шокираше Арсенал на „Емирати“, сега Сити е лидер во Премиер-лигата (ВИДЕО)

Арсенал доживеа шокантен пораз (0-2) на „Емирати“ од Астон Вила и се надоврза на поразот на Ливерпул (0-1) на „Енфилд“ од Кристал Палас. По ваквиот развој на настаните, сега актуелниот шампион Манчестер Сити е лидер на табелата со 73 бода, два повеќе од Арсенал и од Ливерпул.

Не дека е Астон Вила слаб тим, напротив, но се чини дека никој не очекуваше пораз на Арсенал денеска пред своите гледачи. Сепак, откако „топчиите“ не успеаја да искористат неколку шанси во првиот дел, дојде казната во второто полувреме.

Леон Бејли во 84.минута го отвори резултатот, а Оли Воткинс стави точка на триумфот во 87.минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови