Connect with us

Артета: Се чувствуваме дека сме загубиле два бода на „Енфилд“

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, призна дека по нерешениот резултат (2-2) против Ливерпул се чувствува како неговиот тим да испуштил два бода, откако лондончани прокоцкаа водство од 0-2.


Габриел Мартинели и Габриел Жесус ги доведоа „топчиите“ во водство по половина час, но голот на Мохамед Салах го врати Ливерпул и, откако египетскиот репрезентативец промаши пенал на почетокот на вториот дел, Роберто Фирмино постигна гол за израмнување.

„Кога ќе примите гол на крајот, тоа се секогаш два загубени бода затоа што ги имате и страдате во одредени моменти. Чувството е „ох, моравме да го направиме тоа“. Но, ако сме искрени со себе, тие имаа четири одлични шанси да постигнат гол, а не реализираа и пеналот. Мора да се погледнеме во огледало и да си кажеме дека требаше да играме подобро во второто полувреме“, изјави Артета.

„Почнавме навистина добро, доминиравме, го дадовме првиот гол и го водевме натпреварот каде што сакавме да одиме, а потоа дадовме и втор гол, и тоа беше момент за да го добиеме натпреварот. Непосредно пред полувремето им дадовме надеж. Примивме гол и тие ја вратија вербата во една посебна атмосфера. Второто полувреме беше многу поинаква приказна. Ја губевме секоја топка, особено во опасните подрачја и дозволивме многу шанси пред нашиот гол. Кога тоа ќе се случи, настанува хаос. Има многу ситуации во шеснаесетникот, тешко е да се извлечеш и потоа мораш да страдаш“, објасни менаџерот на Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови