Connect with us

Артета: Имаме голема можност да го направиме тоа што на Арсенал не му успеало веќе 15 години

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, истакна голема верба во успех на својот тим, во пресрет на утрешниот реванш четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Двата тима ремизираа 2-2 на „Емирати“ пред една недела и сега Арсенал мора да победи на „Алијанц арена“ доколку сака да игра во полуфиналето, за првпат од 2009 година.


„Имаме прекрасна можност, можност која овој клуб ја немал 15 години – да се пласираме во полуфиналето на ЛШ. Утре имаме можност да го примениме сето она што го направивме во последните десет месеци и во претходната сезона. Повеќето од нашите играчи немаат искуство да играат во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но се супермотивирани и самоуверени.

Можеме да победиме, но и многу да загубиме. Досега имавме неверојатни настапи и ќе дадеме сѐ од себе да го освоиме пехарот за кој сите се бориме.

Сакам да бидеме свои, но зависи и од пристапот на противникот. Понекогаш противникот не ви го дозволува тоа, но ние ќе го бараме најдобриот начин како да дојдеме до победата“, изјави Артета на денешната прес-конференција.

Шпанецот одби да даде дефинитивен одговор дали Букајо Сака и Мартин Одегард, кои се мачеа по натпреварот со Кристал Палас, се подготвени да стартуваат против Баерн Минхен. Според Артета, тандемот утре ќе биде подложен на фитнес тест.

„Се надевам дека ќе бидат подготвени. Имавме помалку од 48 часа за опоравување и одработивме многу лесен тренинг. Ќе видиме како ќе се чувствуваат утре и ќе одлучиме”, истакна менаџерот на Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови