Вест Хем и Арсенал одиграа неверојатен и неизвесен трилер натпревар кој заврши без победник. “Чеканите” прокоцкаа водство од 3-0, кое го имаа по повеќе од пола час игра.
Првиот гол падна во 15 минута по асистенција на Микаил Антонио за Џеси Лингард, а Англичанецот беше милиметарски прецизен од линијата на шеснаесетникот на Арсенал. Две минути подоцна, дефанзивците на “топџиите” стартуваа невнимателно на 17 метри од Бернд Лено, по што играчите на Вест Хем изведоа брзински слободен удар кој произведе акција за гол на Џерод Боуен.
Третиот гол беше дело на Томас Соучек кој случајно се најде во шутот со глава на Микаил Антонио, па така веќе во 32 минута, тимот на Дејвид Мојес поведе 3-0 против Арсенал. Но, тоа не беше се од првото полувреме.
Четири минути подоцна, токму Соучек стрелаше во својата мрежа и ја намали предноста на неговиот тим на 3-1. За да биде натпреварот уште поинтересен се погрижи Крег Доусон кој си постигна авто-гол за 3-2.
Во 82 минута, за конечниот резултат од 3-3, стрелец беше Александре Лаказет по одличната асистенција на Пепе.
Благодарение на ова реми, Арсенал се искачи на деветтата позиција, а Вест Хем останува на петтото место на тебелата во Премиер – лигата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski