Connect with us

Арсенал пред договор со Артур

Арсенал најверојатно ќе ги заврши успешно преговорите со Јувентус за играчот од средниот ред, Артур Мело. Според „Тутоспорт“, Бразилецот ќе му се приклучи на тимот од Лондон на позајмица, со опција за откуп.


Артур сака да се приклучи на тимот на Микел Артета и го навести тоа реагирајќи на социјалните мрежи на видеото на кое сонародникот Габриел Жесус постигнува гол против Челси (4-0).

Арсенал го сакаше играчот од средниот ред уште во јануари, но не успеа да се договори со Јувентус. Бразилецот сигурно не е вклучен во пресметките на Масимилијано Алегри за новата сезона и не ни отиде со тимот на турнејата во САД.

„Старата дама“ го купи Артур од Барселона во 2020 година. Формално трансферот беше вреден 72 милиони евра, но реално Бразилецот беше разменет за Миралем Пјаниќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови