Connect with us

Англија ќе го предизвика светскиот шампион, Сенегал лесно падна (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Англија лесно ја заврши задачата да го елиминира Сенегал, победи со 3-0 и се пласира во четвртфиналето на Мундијалот во Катар. А таму ги чекаат светските прваци, фудбалерите на Франција.

Сенегалците добро парираа половина час, а потоа Џордан Хендерсон успеа да постигне гол откако Англија со брза акција ја проби противничката одбрана, а Џуд Белингем одлично асистираше. Тоа се случи во 38.минута, а пред одморот Хари Кејн зголеми и на 2-0.

Во второто полувреме, Букајо Сака постигна трет гол за Англичаните во 57.минута и беше јасно дека овоој осминафинален двобој заврши.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови