Connect with us

Анчелоти: Останувам во Реал Мадрид

Карло Анчелоти денеска потврди дека нема намера да го напушти Реал Мадрид.


Иако се шпекулираше дека Италијанецот би можел да замине, тој не сака да го напушти Реал и верува дека без разлика на резултатите до крајот на сезоната ќе остане во Мадрид.


„Верувам дека ќе останам овде и следната сезона, без сомнение. Претседателот беше отворен за мене и се договоривме да бидам тука и следната сезона. Сакам да го испочитувам мојот договор до крајот”, изјави Анчелоти.


Реал Мадрид ја загуби титулата од Барселона, но ќе игра во финалето на Копа дел Реј, а се наоѓа и на прагот од полуфиналето во Лигата на шампионите.


Анчелоти минатата сезона ги освои Ла Лига и Лигата на шампионите, па нема сомнеж дека ја заслужува довербата, без разлика на сѐ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови