Connect with us

Алпај Јусуф ново засилување за Пелистер, доаѓа и Христијан Вецески

Фудбалерот за врска Алпај Јусуф е второ засилување за македонскиот прволифаш Пелистер за новата сезона. Откако клубот ја деблокира сметката, раководството и тренерот Димитар Капинковски ќе се обидат да доведат неколку засилувања до почетокот на шампионатот.

Филип Миленковски се врати под „Тумбе кафе“, а на чекор до доаѓање во Битола е Христијан Вецески кој ги почна подготовките со Работнички.

Пелистер во првото коло од новата сезона во Првата лига ќе и гостува на Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови