Connect with us

Ал-Келаифи: ПСЖ го има најдобриот тренер во светот

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи го нарече Луис Енрике најдобар тренер во светот. Шефот на клубот од Париз беше еуфоричен по елиминацијата на Барселона по убедливата победа од 1-4 на реваншот. Така, францускиот тим се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите.


„Сите се бореа еден за друг и покажаа колку сакаат да се пласираат во полуфиналето. Имаме навистина одличен тренер, најдобар во светот“, изјави Насер Ал-Келаифи за „Канал плус“.

ПСЖ стана првиот француски тим кој се пласирал во полуфиналето од Лигата на шампионите откако загубил на домашен терен во првиот натпревар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови