Connect with us

Ако Алварез ја освои Лигата на шампионите, ќе ги комплетира сите трофеи, а тоа не го сторил ниту Меси

Хулијан Алварез е момчето за кое се зборува по Светското првенство. Откако Лаутаро Мартинез не одигра на ниво против Саудиска Арабија, Алварез доби шанса која ја искористи и беше стартер во преостанатиот дел од турнирот, на кој возврати со четири гола.


Алварез имаше голем удел во походот кон светскиот трон, а иако има само 22 години, веќе е на прагот на историја и може да го надмине Лионел Меси.

Пред да дојде во Манчестер Сити тој ги освои Копа Либертадорес и Копа Америка, лани иако речиси и да немаше минутажа, го крена трофејот со победата над Бразил на „Маракана“.

Алварез сега го освои Светското првенство и му е потребна само Лигата на шампионите за да ги освои четирите најважни трофеи и со тоа да стане првиот Аргентинец на кого тоа му успеало.

Лионел Меси ги освои сите можни трофеи во европскиот фудбал, со Аргентина ги освои и Светското првенство, Олимписките игри и Копа Америка, но немаше можност да го подигне трофејот во Копа Либертадорес.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови