Connect with us

Аканџи: Халанд може да даде 50 гола во Премиер – лигата

Нормално е Ерлинг Халанд да собира комплименти дури и од соиграчите по неговите досегашни настапи со тимот на Манчестер Сити. Неговиот соиграч меѓу „граѓаните“, Мануел Аканџи, е убеден дека напаѓачот е подготвен да ги подобри сите рекорди во Премиер – лигата.


Младиот Норвежанец сега има 14 гола на осум првенствени натпревари и изгледа незапирливо.

„Мислам дека ништо не може да го спречи да постигне 50 гола ако е здрав“, изјави Аканџи во интервју за „Скај Спортс“.

Двајцата се познаваат многу добро бидејќи играа заедно и во Борусија Дортмунд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови